19 Декември, 2025
0.1606

Турски стопанственици од Коџаели заинтересирани за инвестирање

Објавено во: Економија 10 Април, 2013 18:55

Добивај вести на Viber

Претседателот Ѓорге Иванов се сретна со турски стопанственици од регионот Коџаели, на маргините на 16 Евроазиски економски самит денеска во Истанбул. На средбата инаку учествуваа и бизнисмени со потекло од Македонија, а биле презентирани поволностите за инвестирање во Република Македонија, како и економските и туристичките можности на земјата. Како што информираше МИА турските стопанственици изразиле заинтересираност за инвестирање во Република Македонија, а станало збор и за конкретни инвестиции во земјава. Исто така, турските стопанственици упатиле покана до претседателот Иванов да ги посети во Коџаели. Коџаели е регион каде живеат 1,6 милиони жители и се реализира 13 отсто од севкупното турско производство. Оттаму се собираат 13 отсто од вкупните даноци во Турција. Во Коџаели функционираат 13 индустриски зони, две слободни економски зони и три технолошки паркови. Регионот има 34 пристаништа од каде се транспортираат 65 милиони тони стока годишно, со што е на осмо место во Европа. Од 500-те најголеми компании во Турција, 92 се од Коџаели. Годишно компаниите од овој регион извезуваат стоки во вредност од 17 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра