Турци ќе го градат Сончев Град?!
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2012 08:41
Инаку, според објавата, Сончев Град треба да се гради на локација од 835. 619 метри квадратни, чија почетна цена изнесува 1,6 милиони евра, или почетната цена на метар квадратен е 2 евра. Според наведените услови идниот инвеститор на локацијата треба да изгради најмногу индивидуални куќи или 51% од објектите треба да бидат куќи, а помал дел или 9% да бидат станбени згради. Ќе се градат и јавни институции, трговски центри, бензински пумпи, училишта, објекти за рекреација...Сите заинтересирани инвеститори за да учествуваат во наддавањето мора да поднесат банкарска гаранција од 500 илјади евра.
Доколку се продаде земјиштето, Сончев град треба да види бел ден дури по шест години.
„Јас сум оптимист дека овој пат ќе успееме да најдеме инвеститор за Сончев Град. Парите под продажбата на земјиштето, комуналиите и данокот ќе бидат значаен импулс за општината која сега нема никакви приходи и е блокирана“, вели Ѓорѓијоски.
Инвеститорот е задолжен за изградба на инфраструктурата, додека обврска на општината е да изгради пат од Водно до Сопиште и да го изгради водоводот до Патишка река. Тоа се проекти кои општината ќе ги финансира заедно со Владата.
Идејата за Сончев град е стара веќе 6 години и до сега има поминато неколку фази на тендери и продажба. Во 2006 година со непосредна спогодба, пред избори тогашната Влада ја продаваше локацијата на германската компанија Бихард Констракшн Интернешнал, но Антикорупциската комисија го стопира процесот со образложение дека за време на изборната кампања не смее да се продава државен имот. Во 2007 година пак, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески повторно го понуди на тендер земјиштето за Сончев град, на кој беше избрана израелската компанија ИБЦ. Според роковите од тендерот елитната населба требаше да биде изградена до 2011 годинa. Но, во 2008 година поради сомневања за наместен тендер, пропадна и таа зделка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





