Турција 2023
Објавено во: Свет 01 Февруари, 2013 09:05
Проектот те целите кои треба да се постигнат ги објави Реџеп Таип Ердоган премиерот на Турција. Тоа се серија проекти кои Турција треба да ги релизира до 2023 година.
Основната цел е растот на БДП од сегашните 775 милијарди долари на 2 трилиони долари во 2023 година. Целта е исто така да се намали невработеноста на скоро природна стапка на невработеност од 5%. Додека БДП по глава би постигнал ниво од 25.000 долари.
Инаку Турција во моментов има стапка на невработеност од близу 10%, додека нејзиниот БДП по глава на жител изнесува 10.500 долари.
Турција проценува дека ќе има вкупно 30 милиони жители кои ќе бидат во категоријата работна сила, во моментов имаат нешто повеќе од 22 милиони.
Кои промени се случуваат во моментов?
На Турција исто така како и на Кина е потребна поголема домашна потрошувачка и инвестиции во инфраструктурата. Интересно е тоа дека се повеќе глобални брендови влегуваат во Турција. Типичен пример за тоа дека Турците се повеќе трошат производи кои доаѓаат од западот е огромниот пад на традиционалниот турски пијалокот – раки (значи тоа е оној бел пијалок што наликува на узо и може да го видите во турските серии). Ова не значи дека турците не пијат алкохол, туку дека потрошувачката се повеќе се врти кон глобалните брендови.
Исто така младото население се повеќе троши на технологија. Впрочем замислите секој млад човек кога ќе влезе во заедница треба да купи стан и истиот да го опреми. Замислете каков потенцијал има само Истамбул кој има скоро 14 милиони жители и тоа е град кој сеуште рапидно се шири.
И за крај во целава оваа приказна и поради моќта која ја имаат Турците не прифаќаат квази односи со ЕУ и бараат да бидат полноправна членка. Се чини во ЕУ сеуште има отпор Турција да влезе во големата Унија и времете ќе покаже дали на крајот ЕУ ќе ја моли Турција да и се приклучи.
Редакција Фактор
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




