ТУРЦИЈА БРОИ ЗАГУБИ: Рекорден одлив на туристи
Објавено во: Економија 28 Мај, 2016 11:33
Одливот на туристи од Турција годинава е најсилниот за последните 17 години.
Министерството за туризам на таа земја објави денес извештај, според кој во април 2016 година земјата била посетена од 1,75 милиони туристи, што е за 28% пониско од истиот период минатата година.
Падот на туристичкиот интерес за Турција е споредлив со 1999 година, кога по серијата терористички напади на ПКК туристичкиот поток кон земјата исто така падна, пренесе Deutsche Welle.
Причината за кризата во туристичкиот сектор на Турција се терористичките акти и влошувањето на односите со Русија.
Бројот на руските туристи оваа година е намален за скоро 80%.
Бројот на германски државјани кои ја избираа Турција како туристичка дестинација исто така паднал за една третина.
Според турскиот статистички институт од јануари до март оваа година приходите на туристичкиот сектор во земјата се намалиле за 16,5% во споредба со истиот период минатата година.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




