20 Декември, 2025
0.0414

Турција дава 1,37 милиони долари за главата на војсководецот на терористите

Објавено во: Балкан 31 Август, 2015 14:32

Добивај вести на Viber

Турските власти одлучија да понудат до 4 милиони турски лири (1,37 милиони долари) на луѓето кои ќе помогнат за уништување на „терористите“. Официјалната одлука на Владата по прашањето е донесена по разгорувањето на судирите помеѓу силите за безбедност и Курдската работничка партија (ПКК).

Наградите за информаторите ќе бидат определени во зависност од „вредноста на информацијата за спречување на терористички злосторства и фаќање на субјектите“, гласи одлуката на владата.

Луѓето кои ќе соопштат за идентитетот или локацијата на „осомничен терорист“ анонимно ќе добиваат до 200 000 фунти (68 илјади долари), ако оние за кои известуваат, не се вмешани во терористички активности.

Наградата сепак отскокнува 20 пати до 4 милиони турски лири, ако Информаторот даде податоци за водачот на „терористичка организација“ или за кривично дело кое е доволно значајно, за да предизвика „немири“.

Информаторот не треба да биде задолжително турски државјанин, за да добие награда.

Во јули Анкара започна антитерористички акции против објектите на „Исламска држава“ во Сирија и на ПКК во северен Ирак и југоисточна Турција. Ова следеше по серијата смртоносни напади.

Околу 60 лица од турските безбедносни сили биле убиени во последните пет недели откако ПКК започна да се одмаздува за воздушните операции на турската армија против курдски објекти. Според турската влада над 2.500 лица досега се уапсени во операции против осомничени како припадници на ПКК, џихадисти од „Исламска држава“ и екстремисти од други крајни групи.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација