07 Октомври, 2024
0.0333

Турција ги доби бараните координати за „Турски поток“

Објавено во: Балкан, Економија 16 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

„Газпром“ и ги доставил на Турција бараните координати на копнената рута за „Турски поток“. Тоа го соопштил министерот за енергија на Турција Танер Јилдиз.

„Сега е потребно да ги добиеме прелиминарните дозволи на физибилити студијата на проектот“, изјавил Јилдиз за агенција „Sputnik“. Очекувањата се Анкара да ја добие потребната документација до крајот на неделава.

Турскиот министер за енергетика сепак нагласува дека преговорите се во тек само што се однесува до првата цевка на „Турски поток“, која треба да ја напојува Турција со природен гас. Нејзиниот капацитет е 16 милијарди кубни метри природен гас годишно.

Плановите на Русија се „Турски поток“ да го замени „Јужен поток“ и да биде со капацитет од 63 милијарди кубни метри. Поголемиот дел од количините на оваа суровина - 47 милијарди кубни метри, ќе бидат наменети за европските клиенти на „Гаспром“.

Тие ќе можат да купат гас од центарот на турско-грчката граница. Или барем тоа се изјавите на раководителите на гасниот гигант. Официјално земјите учеснички во „Јужен поток“ уште не се известени за прекин на проектот.

Во моментов коментарите се „Турски поток“ да излезе на турскиот брег крај селото Каикеи и да помине преку територијата на Турција до гасниот центар на грчката граница. Должината на овој пат е околу 1,1 илјади километри. Оттаму цевките треба да се преземат кон Европа - во Македонија, Србија, Унгарија до Австрија.

Во саботата во Баку се одржал разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Меѓу темите кои двајцата шефови на држави ги разговарале, бил и „Турски поток“, развојот на нуклеарната енергија во Турција и ситуацијата во Украина. Танер Јилдиз бил категоричен дека Путин и Ердоган разговарале за реализацијата само на првата цевка на проектот.

Пред извесно време бил одреден и морскиот дел на новиот гасовод - тој повторува 2/3 од трасата на „Јужен поток“, но цевките веќе завиваат кон турскиот брег.

Само пред една недела за прв пат беше претставена и цената на изградба на првата цевка на гасоводот - со висина од 3,3 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути