05 Декември, 2025
0.0322

Турција ќе и помага на Македонија во оризопроизводство

Објавено во: Агробизнис 22 Февруари, 2013 12:33

Добивај вести на Viber

Развој на нови високопродуктивни сорти ориз за унапредување на квалитетот, зголемување на приходот и подобрување на пласманот и маркетингот е целта на проектот што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го спроведува во наредните две години со техничка помош на турската Агенција за соработка и координација Имплементацијата на планираните активности, чиј фокус ќе биде ставен на употреба на модерна технологија во производството, индустријата и дистрибуцијата, како и на обука на експертите и земјоделците, ќе почне во кочанскиот регион. Како што беше истакнато на денешната промоција, целни групи на проектот, освен стручњаците и производителите се и здруженијата, кооперациите, инвеститорите и потрошувачите. - Македонското Министерство за земјоделство оваа година за потребите на проектот ќе треба да утврди 20 водечки производители кои имаат на располагање по 1 хектар земјоделско земјиште со исклучиво црвен ориз. На секој ќе му се дадат по 200 килограми семенски материјал од вкупно обезбедените 4 тони, рече Махмут Чевик од ТИКА во презентацијата. За 2014 година е планирано од вкупно 30 тони оригинален сертифициран семенски материјал, 4 тони да се поделат на производителите со цел да се запознаат со нови видови и тест-производство, а 26 тони да се искористат за производство на семенски материјал за тестирање и демонстрација во текот на тие 12 месеци. Според Чевик, неопходно е Министерството и Институтот за истражување ориз во Кочани да обезбедат и 2 хектара земјоделско земјиште  необработено најмалку 2 години, 4 декари земјиште покрај пат и 6 декари во експерименталните полиња за тестирање на новите сорти. Меѓу сортите ориз што турската Агенција ги претстави пред присутните беа високопродуктивните гонен, халилбеи и кизилтан и гала. Минатата година во Македонија приносот на ориз бележи опаѓање од околу 20 отсто во споредба со 2011 и 12 проценти поголемо кршење на оризовата арпа, интензивно се зголемува присуството на дивиот црвен ориз, а од вкупно добиениот род засаден на 4.800 хектари половината е извезена надвор од земјава. Покрај намалувањето на квалитетот, добиениот плод на декар е околу 550 килограми што е многу пониско според параметрите на земјите од Европската унија. Врз основа на договорените активности за 2013 година изготвен е протокол за соработка меѓу ТИКА и Министерството за земјоделство чие претстојно потпишување ќе биде основа за реализација на проектот за развој на производството и квалитетот на оризот. Во последните 10 години производството на ориз на Турција го надминува европското производство.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?