Турција ќе се бори со „Исламската држава“ на територијата на Сирија
Објавено во: Балкан 05 Август, 2015 13:16
Турција наскоро ќе започне да ја напаѓа „Исламска држава“ во Северна Сирија. Тоа го изјавил турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на средбата со државниот секретар на САД, Џон Кери во малезиската престолнина Куала Лумпур.
„Во моментов заедно со САД ја тренираме и опремуваме умерената сириска опозиција, но наскоро ќе почнеме и сами ефикасно да се бориме со „Исламска држава“, изјавил Чавушоглу пред новинарите во почетокот на средбата со Џон Кери.
„Тогаш земјата ќе е безбедна, за да може умерената сириска опозиција да ги зајакне своите позиции во борбата против „Исламска држава“.
Вчера, комесарот за проширување Јоханес Хан ја повика Турција кон „пропорционална“ акција против „тероризмот“, за да се избегне прекин на мировниот процес со курдските бунтовници. Неговиот коментар беше по повод акциите на турските власти против „ПКК“.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




