Турција оди кон нови избори, преговорите за коалиција пропаднаа
Објавено во: Балкан 18 Август, 2015 14:12
Последниот обид за формирање на коалиција во Турција заврши неуспешно и земјата се посигурно оди кон нови избори, соопшти весникот „Хуриет“. Ова се случи откако средбата помеѓу премиерот Ахмет Давутоглу и лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели заврши без резултат.
По разговорите Давутоглу најавил дека националистичкиот лидер не само што одбил коалициско управување, туку ја отфрлил и можноста да биде дел од привремен сојуз за управување до предвремени избори. Бахчели исто така изјавил дека нема да ја поддржи малцинската влада, управувана од Партијата на правдата и развојот.
Откако партијата на Давутоглу не успеа да се договори за широка коалиција со главната опозициска Републиканска народна партија на 13 август, премиерот изјавил дека нови избори се неизбежни за „единствената опција“ за Турција. Давутоглу сепак не дал конкретен одговор на прашањето дали има намера да го врати мандатот на претседателот Реџеп Ердоган.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




