Турција отстапи – САД ќе ја бомбардира „Исламска држава“ од бази во земјата
Објавено во: Балкан 24 Јули, 2015 11:01
Турција им даде согласност на американските воени сили да спроведуваат воздушни напади против „Исламска држава“ од бази во земјата, објавија „FT“.
За Анкара тоа е сериозен пресврт во политиката, кој забележува пресвртница во координацијата во однос на ударите против исламистичката група која оперирала на територијата на Сирија и Ирак, наведува весникот.
Одлуката на турската влада беше најавена по телефонскиот разговор меѓу претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на САД Барак Обама. Таа им овозможува на американските борбени авиони и дронови да спроведуваат напади над „Исламска држава“ во Сирија од територијата на земјата.
„САД и Турција продолжуваат со консултациите за начините на кои ќе ги продлабочиме напорите во борбата против „Исламска држава“, коментира Алистер Баскиски, портпарол на Советот за национална безбедност во Белата куќа.
„Решивме дополнително да ја продлабочиме соработката во борбата против „Исламска држава“, со заеднички напори да ги охрабриме безбедноста и стабилноста во Ирак и да помогне за политичко решение на конфликтот во Сирија“, дополнува Баскиски.
Турските воени сили влегоа во судир со исламистичките борци во пограничните области со Сирија. Тоа е исто така прв пат, во кој турските војници директно се врзуваат со вооружена борба против екстремистичката организација, наведува весникот.
Судир меѓу турската армија и исламистите се одржа само четири дена по самоубиствениот напад во прекуграничниот град Суруч.
Кабинетот на турскиот премиер Ахмет Давутоглу излезе со изјава дека по средбата на Советот за национална безбедност е одлучено да се применат и вршат строго „секакви мерки потребни за зачувување на јавниот ред и националната безбедност“.
Во борбите во четвртокот еден турски војник загина, а двајца се повредени откако нападите од група од пет мажи во реонот на турско-сириската граница. Турските војници возвратиле со оган, и убиле еден од исламистите и им уништиле три возила кои се користат од страна на терористите, посочуваат од Министерството за одбрана во Анкара.
Според локалните медиуми турски тенкови ја поминале границата и влегле во сириска територија, но тоа уште не е потврдено од страна на властите.
Оваа недела турските власти уапсија неколку лица од „Исламска држава“, осомничени за организирање на напади во целата земја. За двајца од нив беше објавено дека се Чеченци. Ова сепак се покажа недоволно за да ги смири тензиите. Во многу градови на земјата следеа бурни протести.
Поддржувачите на Курдската работничка партија киднапирале возила и ги блокирале патиштата во градовите главно во југоисточните региони на Турција. Партијата ја презеде одговорноста и за убиството на тројца полицајци.
Вицепремиерот Булент Аринч вети дека ќе ја засили граничната контрола за да се спречи илегално преминување на границата. Ова исто така е голема промена во политиката на Анкара. Владата досега инсистираше дека границата е премногу обемна и тешко е да се чува строго, за да се спречи преминот на западни поддржувачи на „Исламска држава“ на територијата на Сирија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




