05 Декември, 2025
0.0319

Турција покажа интерес за учество во приватизацијата на грчките аеродроми

Објавено во: Балкан 14 Март, 2013 12:00

Добивај вести на Viber

Редицата компании, што пројавија интерес за приватизација на меѓународниот аеродром во Атина „Елефтериос Венизелос“, но и за другите аеродроми во Грција, станува се поголема, а на неа освен Катарци, Кинези, Французи се доадоа и Турците, соопшти денеска грчкиот сајт репортер.гр.

„Туркиш ерлајнс“ пред извесно време соопшти дека има интерес не само за грчките аеродроми, понудени за приватизација, туку и дека има немара нејзини авиони да летаат до островот Крит, да ги зголемат летовите до Атина и да ја прошират соработката со грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“.

„Катар ервејс“ прва пројави интерес за приватизација на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос", соопштувајќи минатиот ноември дека од оваа година отвора директни летови од Атина за Њујорк. Емиратот има апетити и кон елитниот хотел „Астор Палас“, што планира да го претвори во европски центар на катарската авиокомпанија.

Кинезите привремено беа повлечени, но потоа го обновија својот интерес и веќе имаат конкретни предлози во врска со приватизацијата на атинскиот аердром. Претставници на два кинески гиганта вчера се сретнаа со грчкиот министер за финансии и со раководството на агенцијата за приватизација, изјавувајќи интерес за учество во тендерската процедура.

Дел од приватизацијата на грчките аердроми сакаат и Французите. Во играта се вклучи и францускиот Aeroports de Paris, еден од најголемите аеродромски оператори во Европа. Предлогот на компанијата за учество во приватизацијата беше донесен од францускиот претседател Франсоа Оланд за време на неговата неодамнешна посета на Атина. Тој предвидува или посочениот француски аеродромски оператор да добие дел, или делот да биде поделен со катарските учесници.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии