06 Декември, 2025
0.0430

Турција со лидерите, Бугарија за пофалба, Македонија ja нема на листата најпосетувани градови во светот

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2013 13:59

Добивај вести на Viber

Бугарија со три, Грција со 1, а Турција со дури 4 градови се најде на листата 100-те најпосетени од меѓународните туристи во светот во 2011 година, која ја направи „Euromonitor International“.  Најпосетен, од меѓународните туристи бугарски град во 2011 година бил Бургас, кој го зазема 74-тото место на светската ранг листа со околу 1.86 милиони посетители, Варна се најде 5 места подолу, на 79-тото место, со 1.81 милиони посетители и Софија, кој е на 96-то место имала на гости 1.46 милиони меѓународни туристи. Атина ја посетиле 1.8 милиони жители и се најде на 82 место, а во  Анталија која е најпосетуван турски град пристигнале 12 милиони туристи, со што се најде на високото 7-мо место. Најпосетуван град од Источна Европа е Будимпешта, кој го зазема 25-тото место со 4.37 милиони туристи. Првата позиција на листата на „Euromonitor International“ е за Хонг Конг, кој ја прифатил речиси 22 милиони меѓународни туристи во 2011 година. Малку заостанува Сингапур, каде што бројот на посетителите бил 19.8 милиони, а во првите три се најде и Лондон со 15.1 милиони меѓународни туристи. Дури 92 од 100-те најпосетени градови во светот во 2011 година имаат раст на бројот на туристите, во споредба со претходната година. Од „Euromonitor International“ прогнозираат уште поголем раст за 2012 година. Поради континуираната несигурност околу состојбата во економијата, особено во САД и Европа, идниот раст ќе остане главно во Азиско-пацифичкиот регион, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка. Намалувањето на визните ограничувања, пак, ќе го поттикнат туризмот во периодот 2012-2016 година, посочуваат од „Euromonitor International“. Еве кои се првите 25 , на листата 100-те најпосетени градови во светот во 2011 година:

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?