Турците ќе произведуваат „зелена“ енергија во Богданци
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2013
Инвеститори од Турција заинтересирани за вложување во алтернативни извори на енергија денеска го посетија Богданци.
За време на средбата со градоначалникот Ристо Ичков, било разговарано за условите и за можните локации за изградба на капацитети за производство на зелена енергија, по што Турците најавија дека следните контакти ќе ги направат со надлжените ресорни министерства. Тие информираа и дека веќе основале компанија во Македонија од областа на енергетиката.