Туск ја откажа средбата на европските лидери
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2015 11:38
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го одложи состанокот на владите на Европската унија, но таа на земјите од еврозоната ќе биде одржана.
Тоа се случи во момент кога започнува средбата на министрите за финансии од еврозоната во Брисел за изнаоѓање на решение за кризата во Грција.
Потсетуваме дека пред два дена Доналд Туск предупредил дека Грција и нејзините кредитори имаат последна шанса за постигнување на спасувачка зделка.
„Без единство околу Грција по четири дена ќе се разбудиме во поинаква Европа. Ова навистина е последното предупредување за Грција и за нас и нашата последна шанса“, изјавил Туск пред ЕП во Стразбур, каде што грчкиот премиер Алексис Ципрас порано вети напредок по неколку месеци.
Европската комисија ја оценува како многу мала веројатноста да добие денес зелена политичка светлина за преговори за трет спасувачки план за Грција, која ризикува секој момент да излезе од еврозоната. Ова го изјавил заменик-претседателот на ЕУ Валдис Домбровскис во Брисел.
Многу веројатно е Комисијата да добие мандат за преговори оваа недела, изјавил Домбровскис, пред да продолжат разговорите со министрите за финансии од еврозоната за судбината на Грција.
Претходно претставник на владејачката партија во Грција Сириза изјавил за локалната телевизија „Мега“ дека поставените услови пред Еврогрупата од страна на Германија, за да биде доделена нова помош на Грција, имаат за цел да ја понижат Атина, а нивната вистинска цел е да ја соборат владата на Алексис Ципрас.
„Она што се случува е желбата да бидат понижени Грција и грчкиот народ или да биде соборен од власт Ципрас“, додал Димитриос Пападимулис од Сириза, кој е и заменик-претседател на Европскиот парламент.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, побарал „Грција или да го подобри планот за реформите, против кој ќе добие спасувачка програма, или привремено, за пет години, да излезе од еврозоната“.
Во овој час почнаа да пристигнуваат министрите за финансии од еврозоната за новата средба во Брисел. Доцна синоќа тие не постигнаа договор.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




