18 Декември, 2025
0.0633

Тутунски комбинат АД Прилеп со „нула“ извоз за првиот квартал

Објавено во: Економија 16 Мај, 2017 07:20

Добивај вести на Viber

Во првиот неконсолидиран финансиски квартален извештај објавен на Македонска берза Тутунски комбинат АД Прилеп бележи пад на продажбата, но најмногу се извојува тоа што за јануари, февруари и март годинава немаат никаков извоз или приходи со продажба во странство. Тоа е неверојатен пад од околу 350 илјади евра кои биле остварени во истиот период за 2016-та. 

Тутунски комбинат АД Прилеп единствени оперативни приходи има од домашниот пазар кои изнесуваат нешто над 35 милиони денари. Доста неповолни се и финансиските расходи, па така „Тутунски“ за првите три месеци годинава за камати има платено над 180 илјади евра.

Оперативните расходи на Тутунски комбинат АД Прилеп во К1 2017 достигнаа 86,6 милиони денари што е за 4 милиони денари помалку потрошени средства во однос на истиот период лани, а разликата е добиена кај услугите со карактер на материјални трошоци кои сега изнесуваат 5,6 милиони денари. Речиси идентично како лани Тутунски троши по 636 илјади евра за вработените за три месеци.

Крајниот резултат на Тутунски комбинат АД Прилеп повторно е загуба и таа изнесува 58.485.000 денари што е речиси идентично како и во ланскиот прв квартал од годината.

Тутунски комбинат АД Прилеп е компанија која подолго време се обидува да се стабилизира и да оствари поголема продуктивност и ефикасност. Во таа насока помогна партнерството со интернационалниот тутунски бренд Филип Морис, но се уште се потребни многу чекори за да се дојде до поголема профитабилност и максимална искористеност на квалитетот на македонскиот тутун.

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?