16 Мај, 2024
0.0303

Тутунски комбинат Прилеп - позитивна бизнис приказна

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Како да се направи вистинска разлика во една бизнис приказна каде негативните резултати не престануваа? Тоа најдобро се гледа во примерот на Тутунски комбинат од Прилеп (ТКП). Комбинатот после 20 проблематични години, последниве 4 години успеа го стабилизира своето работење и интензивно се трансформира во ефикасна и модерна фабрика за производство на цигари во земјава. Комбинатот веќе нема долгови кон државните институции, навреме ги врши плаќањата кон други комерцијални партнери и банките, а ланската година за првпат по повеќе од 10 години ТКП оствари оперативна добивка од редовно работење. Ова секако се должи на стратешкото партнерство остварено со тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнел и формирањето на заедничка компанија Филип Морис -ТК Прилеп што придонесе ТКП полека но сигурно да се враќа на некогашните позиции како компанија која има значителен позитивен придонес во македонската економија.

Стратешкото партнерство, меѓу другото, овозможи подобрување на инфраструктурата,  инсталирање на нови машини за производство на цигари, зголемување на продуктивноста и ефикасноста во работењето, согласно највисоките стандарди за квалитет според критериумите на глобалниот гигант во производството на цигари, како и стабилен откуп на тутун од тутунопроизводителите и навремена исплата на договорените количини.

Партнерството со Филип Морис придонесе да се почне со модернизација на производството и за првпат од кога е изградена фабриката во Тутунски комбинат се изврши реновирање на производната хала со површина од над 5.000 метри квадратни. Инсталирана е и нова машина за производство на цигари со потенок прогресивен формат или т.н. 7.0 формат, што овозможи да почне да се произведува Chesterfield 7.0 и да се започне со производство на Marlboro 7.0. како најбрзорастечки формати на македонскиот пазар во моментов.

Поддршката од Филип Морис овозможи и успешно реструктурирање преку намалување на бројот на вработените, на доброволна основа, со давање социјални пакети, со што се реши горливиот проблем на превработеност кој го оптоваруваше работењето. На овој начин, ТКП дојде до оптимална бројка на вработени, согласно потребите на производниот процес. Тоа освен што ќе придонесе за поголема ефикасност и продуктивност, ќе отвори простор во иднина и за нови вработувања на млад и обучен кадар, согласно потребите на комбинатот.

Како дел од севкупната поддршка за модернизација и зголемување на продуктивноста на ТКП, Филип Морис исто така помага да се подобрат условите за најсовремена обука на персоналот потребен од ТКП. Во рамки на својата корпоративна одговорност, Филип Морис ТКП инвестираше 80.000 долари во реновирање и поставување на специјализирани школски електротехнички лаборатории за потребите на наставниот процес во средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко, Прилеп.

Соработката помеѓу Филип Морис ТКП и средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко е и во делот на практичната настава со што преку потпишување на меморандум за соработка се овозможува пракса за учениците во текот на целата година во капацитетите на фабриката. За ТКП ова е начин да обучува кадри кои во иднина ќе бидат дел од колективот на фабриката.

Со процесот на реструктуирање и со модернизацијата помогната од Филип Морис, ТКП стана пофункционална и пооперативна како компанија, со проширено портфолио и со подобрен квалитет на производите, во согласност со потребите на потрошувачите, и стабилен економски субјект во државата.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!