19 Февруари, 2025
0.1597

“Твој избор, твоја заштеда” – кампања на Тинекс со голем број намалени производи од сите категории

Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Тинекс ги разбира потребите на македонските купувачи и ја започнува кампањата „Твој избор, твоја заштеда“, во рамки на која веќе од 31 jануари и во текот на февруари ќе понуди намалување на голем број производи, кои се неопходни за потребите на едно семејство. Станува збор за производи, кои се клучни за функционирањето на домаќинствата и веруваме дека ќе придонесат во заштеди на семејниот буџет.

Маркетите се само дел од ланецот на дистрибуција на прехранбените и останатите производи, со што можноста за влијание врз цените е навистина минимална. Најголем дел од зголемувањата доаѓаат заради фактот што нашиот пазар е увозно зависен во голем дел од прехранбените производи, па така при промена, односно покачување на увозните цени доаѓа до покачување и на малопродажните цени, кои купувачите ги забележуваат во маркетите. Таков е случајот со производи како кафето и какаото, кои на светските берзи забележуваат раст во цена дури до 30%, што потоа влијае и врз растот на чоколадите и кондиторските производи. Увозните млечни производи од Германија исто така имаат раст во цените на берзите од 15-20%.

Направените анализи во последните четири месеци од 2024 година покажуваат зголемување од 9% на просечните набавни цени во однос на истиот период во 2023 година. И покрај сето ова, Тинекс секогаш има слух за потребите на потрошувачите и успеваме  да понудиме производи со прифатливи цени. 

Дополнително, водени од фактот дека купувачите и нивното задоволство се наш приоритет, редовно инвестираме во програми, кои имаат бројни бенефити за купувачите во нашите продажни места. Тука е програмата за лојалност „Поен+” во рамки на која со секое пазарување се собираат поени кои подоцна може да се користат за плаќање при некое од следните пазарувања. 

Уште една поволност и придонес кон заштеда во семејниот буџет е програмата на Тинекс и Mastercard, каде што потрошувачите можат да добијат до 10% кеш бек. Прогрaмата ќе биде достапна и во тек на месец февруари, на касите за самонаплата. 

Дополнително, како резултат на одличната соработка со банките, при пазарувањето во Тинекс купувачите имаат можност да плаќаат на рати без камата, што е дополнително олеснување на месечниот буџет.

Тинекс и понатаму ќе продолжи да работи одговорно и транспарентно и да ги става интересите на потрошувачите на прво место.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

Александар Русјаков: „Девојчето и куклата што патува“ потсетува дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма

Александар Русјаков: „Девојчето и куклата што патува“ потсетува дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма

Sprichst du Deutsch? Германска компанија бара „засилување“, може да се работи од сите делови на Македонија

Sprichst du Deutsch? Германска компанија бара „засилување“, може да се работи од сите делови на Македонија

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО НОВА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО НОВА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Samsung Electronics е глобален лидер на ТВ пазарот 19-та година по ред

Samsung Electronics е глобален лидер на ТВ пазарот 19-та година по ред

Прво ладно цедено extra virgin македонско маслиново масло со врвен квалитет

Прво ладно цедено extra virgin македонско маслиново масло со врвен квалитет

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот

Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот