10 Декември, 2025
0.1472

Твојата храброст е почеток на крајот на корупцијата

Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2025 13:54

Добивај вести на Viber

Корупцијата не само што е неправда кон поединецот, таа е една од најголемите рак рани која ги разјадува темелите на правниот поредок, но и го успорува економскиот и општествениот развој. Секој што се соочил со вакви и слични негативни барања, знае колку е тешко и страшно да се спротивстави на нив. Замисли ја следната ситуација: граѓанин си кој ги исполнува сите законски услови за добивање градежна дозвола, а некој ти бара мито „за побрза постапка и сигурна дозвола за градење“.

Безброј поединци или компании кои учествуваат на јавни набавки и покрај тоа што се единствените што ги исполнуваат сите критериуми, добиваат неформални понуди – да платат одредени суми на договорниот орган, за да ја добијат зделката, работата или во некои бизарни случаи, да уживаат во услуги кои би требало да се достапни за секој обичен граѓанин.

Овие, за жал, не се ниту измислени, ниту изолирани случаи од нашето секојдневие. Тие се дел од долгата низа реални ситуации со кои се соочува македонското општество, кои ја разнишуваат довербата во институциите и создаваат нееднакви можности за сите.

Но, време е да кажеме НЕ! Време е здружено да го кренеме гласот и да го прекршиме молкот!

Токму, тоа е една од главните причини поради кои Европската Унија, преку проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, ја спроведува кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, со јасна цел: да се охрабрат сите граѓани да ја пријавуваат корупцијата без страв, со што сите заедно ќе изградиме општество во кое нема да се толерира неправда и злоупотреба.

Денес, иако постојат различни телефонски линии и канали за пријавување на корупција во институциите, многумина не се чувствуваат безбедно да го направат тоа. Стравот од реперкусии и недовербата дека пријавата ќе има ефект ги тиштат гласовите на чесните луѓе. Поддршката која Министерството за внатрешни работи ја дава на кампањата има за цел да воспостави систем кој ќе создаде услови храброста да не биде предмет на ризик, туку да биде пракса која институциите за спроведување за законот ќе ја земат предвид. Секој што ќе посака да ја изнесе вистината, да може тоа да го направи без страв и сомнеж.

Сите имаме дел од одговорноста, институциите да создадат систем што ќе ги штити граѓаните, а истите да имаат доверба и храброст да ги пријават непринципиелните понуди.

Имаме одговорност кон себе и идните генерации – да создадеме транспарентно, праведно и силно општество.

Твојата, мојата, нашата храброст е првиот чекор кон светла иднина без корупција.

Биди херој во сопствената приказна, пријави корупција. Ајде „0% корупција“ да направиме да е вистина!

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ