29 Септември, 2024
0.0324

Twitter – компанијата која сака вработените да се гордеат со неа

Објавено во: Анализа 28 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Twitter бара разновидност во својот тим, за да може да одговори на потребите на корисниците од целиот свет, ова станува јасно од новиот пост на блогот на компанијата. "Во Twitter имаме за цел да допреме до секој еден човек на планетата. Веруваме дека оваа цел е реална со тим кој разбира и претставува различни култури ", пишува Џенет Ван Хјуси од интернет компанијата. Во текстот таа наведува дека за бизнисот е важно да има разновидна работна сила, бидејќи истражувањата покажуваат дека поголемата разновидност доведува до донесувањето на подобри одлуки. Текстот додава дека компаниите со жени на лидерски позиции се радуваат на подобри финансиски резултати. „Но ние сакаме да бидеме повеќе од добра фирма, ние сакаме да сме компанија со која треба да се гордееме ", гласи пораката. Затоа Twitter одлучи да ги сподели податоците за потеклото и полот на вработените, соодветно на други компании. Како што се гледа на графиконот, во Twitter преовладуваат мажите вработени. 70% од вработените во компанијата се мажи, како и 90 отсто од вработените со технологијата. Кај нетехнички позиции двата пола се застапени еднакво. Twitter е пример за континуираниот тренд мажите да доминираат на раководни позиции. Само 21% од лидерските места во компанијата им се доверени на жени. 59 отсто од вработените во Twitter се белци, 29% се Азијци, а само 2% се афроамериканци. Клучните позиции во корпорацијата се доверени пред сè на припадници на белата  раса (72%) и доста помал дел на Азијци (24%). Афроамериканците службеници на лидерски позиции се едвај 2 отсто од сите кои управуваат за Twitter. Тwitter, со кој луѓето би се гордееле, е разновиден и инклузивен, пишува Хјуси. "Откако раководев со Човечките ресурси во Twitter четири години, сега имам чест да се фокусирам посебно врз овие напори", додава таа. Според неа внатре во компанијата има неколку предводени од вработените групи, кои помагаат тоа да се случи. Меѓу нив се WomEng (жени во инженерството), SWAT (супер жените во Twitter), TwUX (жените дизајнери во Twitter), TwitterOpen (ЛГБT заедницата) и Alas (латиноамериканските вработени). Предметните групи завршија неверојатна работа во претворањето на Twitter во едно одлично место за работа, додава Хјуси. Во текстот таа открива дека корпорацијата знае колку е важно активно да ангажира луѓе од помалку застапените заедници. Според неа Twitter соработува со голем број организации, за да работи повеќе во оваа насока. Меѓу нив е Girls Who Code, организација на жените програмери, со која Twitter прави различни програми во Сан Франциско, Њујорк и Бостон. Покрај тоа редовно организира Girl Geek Dinners во Сан Франциско и Бостон. За да се прошири во оваа сфера, компанијата спонзорира и бројни конференции насочени кон послаби групи. "Ние сме целосно свесни дека Twitter е дел од една индустрија која е обележана со драматичен дисбаланс во различноста - и ние не сме исклучок", дополнува Хјуси. Според неа компанијата станува транспарентна во однос на податоците за своите вработени и ја претвора разновидноста во клучно за неа прашање. K.K.