УАПСЕН 23-ГОДИШЕН ДИЛЕР НА КОКАИН ОД АРАЧИНОВО, поради сомнеж за бегство веќе е во притвор
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2022 14:28
Дечко на возраст од 23 години од скопско Арачиново е уапсен за продаваање на дрога, и изречена му е мерка притвор со цел да се спречи да избега, со оглед дека и претходно бил осудуван за исто дело, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.
- ОЈО Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 23-годишник, во повеќе наврати, на различни локации во Скопје и на различни лица-сведоци им продавал наркотична дрога – кокаин во пакувања од 0,28 грама за сума од 2.000 до 2.400 денари по пакување - се наведува во соопштението на ОЈО
Со оглед на тоа што се работи за лице и претходно осудувано за исто кривично дело, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




