Уапсен градоначалникот на Загреб поради сомнение за корупција
Објавено во: Балкан 19 Октомври, 2014 19:50
Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ уапсен е денеска после пладне пренесуваат хрватските медиуми од извори блиски до полицијата.
Освен Бандиќ уапсени се и претседателот на Службата на Загребскиот холдинг Слободан Љубичиќ и ко-сопственикот на „C.I.O.S. групацијата“ (C.I.O.S. d.o.o. собирање и преработка на индустриски отпад и домашна и меѓународна трговија) Петар Припуз. Неофицијално дознаваат дека тројката се наоѓа во просториите на полицискиот УСКОК (Уред за сузбивање на корупција и организиран криминал).
УСКОК ја информираше јавноста за уапсените, не наведувајќи имиња:
После повеќе месечни сложени криминалистички истражувања поврзани за незаконско постапување во Градот Загреб и Загребскиот холдинг д.о.о кое го спроведоа Дирекцијата за полиција и Националниот полициски УСКОК, а кои се координирани од страна на Државното обвинителство на РХ и УСКОК, приведени се повеќе лица.
Во однос на приведените лица ќе се спроведат одредени доказни постапки и тие ќе бидат предадени на притворскиот надзорник. Кривична пријава поради основно сомневање на направени поголем број корумпирани казнени дела, злоупотреба на службената должност и тргување со влијанието, ќе бидат поднесени до Канцеларијата за борба против корупцијата.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




