10 Ноември, 2025
0.0500

Уапсен и притворен лихвар од Неготино

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2025 12:21

Добивај вести на Viber

МРВ извести дека лишени се од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино, поднесени им се кривични пријави. Тој е изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од осум дена, по што е спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Гевгелија.

- На 10.10.2025 во 13:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода С.Н.(50) и неговата невенчана сопруга 35-годишната Н.А., двајцата од Неготино. Според пријавеното, С.Н. на лице од Неготино пред неколку месеци му дал 2.000 денари, но бидејќи лицето не успеало на време да ги врати парите со несразмерната камата му дало накит за да го одложи времето на враќање на парите. Како што е пријавено, на 09.10.2025, С.Н и Н.А. отишле во неговиот дом и физички го нападнале, а била турната и неговата сопруга, која се обидела да ги спречи во нападот.

Подоцна, со судска наредба извршен е претрес во домот на С.Н., при што биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и валути, накит, вага, куршуми кои ги поседувал без соодветна документација, патна исправа на друго лице и нотес со запишани белешки, информира полицијата.
Исто така, при преглед кај С.Н. и Н.А. биле пронајдени пари, а откако биле приведени во полициска станица, С.Н. физички нападнал и двајца полициски службеници. Тие се задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. 
Против Н.А. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство" по член 386, а против С.Н. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство", „лихварство", „напад врз службено лице" и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материјали".


Можеби ќе ве интересира

ОРЦЕ СЕ ЗАКАНИ: Ќе пристапиме кон опомени и изрекување на казни

ОРЦЕ СЕ ЗАКАНИ: Ќе пристапиме кон опомени и изрекување на казни

Можни се поплави: Обилните дождови продолжуваат

Можни се поплави: Обилните дождови продолжуваат

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ САМО ЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Тоа е последен неработен празник за годинава

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ САМО ЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Тоа е последен неработен празник за годинава

ОРЦЕ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ГЕНЕРАЛКАТА: Ја прогласи акцијата за успешна, собрани над четири и пол илјади тони отпад

ОРЦЕ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ГЕНЕРАЛКАТА: Ја прогласи акцијата за успешна, собрани над четири и пол илјади тони отпад

УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ: Алиу вели се разгледуваат три опции

УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ: Алиу вели се разгледуваат три опции

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СИНОЌА УДРИЛ ВО КОНТЕЈНЕРИ И ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО: МВР го фати и му поднесе пријава

ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СИНОЌА УДРИЛ ВО КОНТЕЈНЕРИ И ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО: МВР го фати и му поднесе пријава

„НАРОДОТ НА ДУИ ИМ ГО ОДЗЕДЕ ПОЛИТИЧКИОТ КИСЛОРОД“: ВЛЕН за ДУИ

„НАРОДОТ НА ДУИ ИМ ГО ОДЗЕДЕ ПОЛИТИЧКИОТ КИСЛОРОД“: ВЛЕН за ДУИ

БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје

БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје

(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани

(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани