Уапсен сопственикот на маркетите „Тинекс“
Објавено во: Економија 30 Јуни, 2023 08:49
Медиуми објавуваат информација дека доцна синоќа на скопскиот аеродром е уапсен Владимир Тодоровиќ, сопственикот на ланецот маркети „Тинекс“.
Поранешниот градоначалник на Општина Центар бил приведен по слетување од Загреб.
Во истата акација заедно со него во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Табановце бил приведен и Владимир Здравев, исто така поранешен функционер на Општина Центар.
На Табановце биле уапсени уште најмалку осум лица.
Апсењето, како што неофицијално се дознава, е за набавка на опрема за мостот „Око“ како дел од проектот „Скопје 2014“ во предмет поврзан со поранешно СЈО.
Истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка изутрина, бидејќи судијата одбил да ги сослуша уште вечерва.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




