25 Април, 2025
0.0439

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

Објавено во: Балкан 23 Април, 2024 11:54

Добивај вести на Viber

Во акција на припадниците на МУП на кантонот Сараево (КС) и на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) „Црна вратоврска 2“ уапсени се повеќе од 20 лица, за соработка со познатиот меѓународен нарко картел „Тито “, на чело со Един Гачанин, кој од минатата година издржува затворска казна во Холандија. 

Според наредбата на Обвинителството на Босна и Херцеговина, Вахидин Муњиќ, директорот на Федералната полициска управа (ФУП), началникот на специјалната полиција на ФУП, Мустафа Селмановиќ и сараевскиот бизнисмен Гордан Мемија, инаку, кумот на Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина.

Исто така, во акцијата на полицијата во Сараево, Зеница и Мостар беа приведени специјалците на ФУП кои пред осум години го обезбедуваа Един Гачанин Тито во Сараево. Станува збор за специјалци Емир Друшиќ, Адин Ќатиќ и Сенад Кадиќ. Уапсени се поранешните членови на ФУП, кои го обезбедуваа и Гачанин во Сараево, Ибро Миладин и Дражен Чобовиќ.

- Активностите се насочени кон гонење на лица осомничени за организиран криминал, неовластена трговија со големи количини на дрога, перење пари и други кривични дела. Во спроведените активности, меѓународна поддршка дадоа ФБИ, ДЕА и Европол - соопштија од Обвинителството на БиХ, пренесува „Новости.рс“.

За апсењето на Гордан Мемија зборуваше и претседателот на Народ и правда Елмедин Конаковиќ.

- Ја поддржувам работата на сите институции, особено на судските, а предмет на интерес треба да бидат сите луѓе, особено ние што водиме партии и институции. Сите ние треба да бидеме под лупа, под надзор и кога е потребно под истрага. Тоа мора да бидат и луѓето со кои работиме, нашите најблиски соработници, бидејќи не можете да имате верба во институциите ако се сомневате во тие што ги водат тие процеси - рече Конаковиќ.


Набавка на униформи

Пред неколку години, за време на престојот во Сараево, Един Гачанин Тито финансираше набавка на униформи за Специјалната единица на Федералната полициска управа во знак на благодарност и добра соработка со ФУП.

Тој ги повика институциите сериозно да си ја вршат работата.

- Ги предупредувам сите што се пакуваат во овој процес дека нема да се забавуваат. Колку што не е дозволен криминал, не е дозволено ниту пакување - посочи Конаковиќ.

Рамо Исак, министер за внатрешни работи на БиХ, зборуваше за информациите дека се уапсени и лидерите на БиХ и рече дека функционирањето на МУП на БиХ нема да биде доведено во прашање и дека граѓаните можат да бидат спокојни.

- Не можеме да навлеземе во текот на истрагата, но доколку условно кажано на директорот на ФУП му се одземе слободата, таа должност ќе ја врши некој друг. Полицијата и армијата функционираат по хиерархија и тоа не може да биде загрозено - додава Исак.

Инаку, според медиумите од БиХ, картелот „Тито“ на чело со Гачанин со години перел пари од шверц на дрога низ Сараево, а со неговото апсење и отпакување на скај-апликацијата, правосудните институции прибавиле докази за огранок на картелот „Тито“ во Федерацијата.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Ќе одам во Москва на парадата, ама сам

Вучиќ: Ќе одам во Москва на парадата, ама сам

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

ПОЖАР ВО ЗАГРЕБ: Се запали градинка

ПОЖАР ВО ЗАГРЕБ: Се запали градинка

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот