25 Мај, 2024
0.0386

Убиениот разбојник од Србија во скопската менувачница со дебело досие

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Ненад Топиќ (49) од Белград е другиот убиен напаѓач во грабежот на менувачницата „Македонија“ во скопска Кисела Вода на 27 ноември, обајцата застрелани од сопственикот Гоце А. (58), пишува српскиот весник „Блиц“. Менувачницата на Гоце А. веќе неколку пати била мета на вооружени разбојници, а во еден грабеж убиен е и братот на сопственикот, пишува Блиц.

Србинот, кој бил баран со меѓународна потерница на Интерпол, идентификуван е според отпечатоците на прстите, по што е известена неговата сестра, која дошла во Скопје и потврдила дека убиениот е нејзиниот брат. Тој последниве месеци се криел во Скопје, престојувајќи во изнајмен стан во населбата Карпош 3.

Се претпоставува дека со другиот убиен, 32-годишниот Димитар Блажевски од скопско Бардовци, ги споиле заеднички познаници од криминалното подземје, а македонските истражни органи веруваат дека двајцата извршиле најмалку 15 разбојништва во банки, менувачници и обложувалници во Скопје.

Инаку, Топиќ цели две децении бил недостапен на полицијата и на судството во Србија. Во 1993 година бил осомничен дека со двајца соучесници на постар белграѓанин му одзеле 200.000 тогашни германски марки и 100.000 американски долари. Приведен е дури по десет години, и тоа при продажба на „екстази“ со другите двајца, при што им се одземени 4.500 таблети со наркотици и 3.700 евра, а во станот на Топиќ потоа се најдени уште 2.500 таблети.


Можеби ќе ве интересира

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Новата влада најавува реформи во образованието

Новата влада најавува реформи во образованието

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник