18 Декември, 2025
0.1227

Учениците повторно се вратија во военото училиште по масакрот во Пешавар

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2015 11:40

Добивај вести на Viber

Во пакистан денеска почна второто полугодие од учебната година по продолжениот зимски распуст поради масакрот кој се случи во военото училиште во Пешавар во кој беа убиени 134 ученици. Поголемиот дел од училиштата во земјата, која брои околу 180 милиони жители, беа затворени откако беше донесена одлука да биде продолжен симскиот распуст поради нападот на талибаните на 16 декември во кој тие упаднаа во Военото државно училиште каде беа масакрирани голем број деца. Во племенските области на Пакистан, каде владее беззаконие и хаос, учениците кои го преживеаа нападот се вратија во училишните клупи каде организирани се засилени мерки за безбедност. Некои од децата се уште имаат завои на раните кои ги здобиле за време на нападите на терористите. Во атмосфера преполнета со емоции и нервоза, родителите, од кои некои облеани во солзи, разговарале со началникот на генералштабот на пакистанската војска, генералот Рахел Шариф. „Тој одржа говор, но поединечно се сретна и со родителите на кои им вети дека терористите ќе бидат елиминирани“, изјавил еден од претставниците на службите за безбедност за агенцијата „Ројтерс“. Друг претставник рекол дека околу државните училишта во Пешавар ќе бидат изградени ѕидови високу 2,5 метри, а во училиштата ќе бидат зголемени мерките за безбедност. Стотици жители доброволно се пријавиле да ги обезбедуваат училишните објекти. Но некои од родителите, особено оние чии деца беа убиени во налетот на талибанските терористи, не присуствувале на состанокот со генералот затоа што за нив било премногу болно да се вратат во училиштето, наведува британската агенција. „Повикан сум на состанок со началникот на генералштабот, но не можев да се вратам во училиштето во кое мојот син беше немилосрдно убиен. И што би имал од состанокот кога не можеа да го заштитат мојот син и останатите деца“, рекол еден татко. „Имам чувство како мојот син денес повторно да умре. Кога ги видов другите деца како одат во училиште многу ме потсетија на мојот син. Отидов во неговата соба и беспомошно седев пред неговиот школски ранец и униформа“, раскажал друг родител на едно од убиените деца.

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија