УДАР ЗА ЕВТИНИТЕ СТОКИ ОД КИНА: Анти-дампинг правилата на сила од денес
Објавено во: Свет 20 Декември, 2017
Нови антидампинг правила од денес ќе ги заштитат производителите во Европската унија (ЕУ) од увозот на евтини стоки од земји како Кина. Идејата е да се стави крај на незаконското намалување на европските цени. За целта Брисел одлучи да наметне антидампинг давачки на различни кинески производи, вклучувајќи и во челичната индустрија.
Ако Еврокомисијата воспостави "значително нарушување на пазарот" меѓу цената по која се продаваат увозните производи и цената за производство, таа може да утврди каква увозна цена би била фер.
Новите европски правила имаат за цел да не и дозволат на ниедна држава вештачки, преку интервенција на владата, да ги намалува цените на стоките кои ги извезува за ЕУ.
Тие доаѓаат една година по истекот на правилата на Светската трговска организација за Кина. Така на земјите од ЕУ им се налага да измислат нов метод на кој со фер начин ќе се пресметуваат увозните цени.