19 Декември, 2025
0.0645

УДАРНИЧКО ТЕМПО: Како се задолжуваше Македонија?

Објавено во: Економија 20 Јули, 2016 08:44

Добивај вести на Viber

За десет години вкупниот Јавен долг е зголемен за 2,7 милијарди евра. Во истиот анализиран период, односно од 2007 година до 2016 година, Бруто наворешниот долг пак е зголемен за 3,8 милијарди евра. По 2008 година, кога практично е измерено најниско ниво на задолженост од 23% од БДП, до сега долговите се во постојан пораст. Според нивото на Јавен долг, Македонија сеуште е во групата на умерено задолжени економии, но според висината на надворешната задолженост, земјава е во групата на високо задолжени. Како се движеше трендот на задолжување во изминатите години?

Како растеше внатрешната задолженост ....

Податоците покажуваат дека со промената на власта во 2007 година, нивото на јавен долг значајно се намали на 25,8% од БДП, и годината потоа на 23% од БДП. Овој пад на нивото на задолженост беше резултат на предвремена отплата на кредити и обврски кон дел од меѓународните кредитори и финансиери. По ваквиот две годишен тренд, во 2009 Јавниот долг се зголемува на 26,2 отсто и оттогаш започнува незапирливо темпо на раст на задолженоста, и дома и кон странство. Од 2007 година до крајот на првиот квартал од 2016 година Јавниот долг е зголемен за 2,7 милијарди евра.

Според структурата, пораст има и кај надворешната и кај внатрешната задолженост на државата.

Надворешен долг                                    Внатрешен долг

2007              1,0 милијарди евра                                  553 милиони евра

2016              2,8 милијарди евра                                   1,4 милијарди евра

Мерењето на вкупниот Јавен долг, според дел од економситите не е целосно и не ја одразува реалната состојба со оглед на тоа што со сегашната методологија не се опфатени сите долгови на јавните, односно државните претпријатија  (пресметан е само гарантираниот долг) а изземена и Народната Банка.

Според Фискалната стратегија на Министерството за финансии, од 2015 година до 2018 година, или во период од четири години буџетскиот дефицит треба да се намалува.

“Во периодот 2016 - 2018 година предвидено е етапно намалување на буџетскиот дефицит и тоа: 2016 година - 3,2% од БДП, 2017 година- 2,9% од БДП и 2018 година- 2,6% од БДП“- се вели во документот, кој во исто време нотира и зголемен економски раст.

“Реалниот раст на БДП во 2016 година се очекува да изнесува 4%, во 2017 година 4,3%, а во 2018 година 4,5%“, пишува во Фискалната стратегија.

Додека Владата на хартија прогнозираше зголемен раст а намелена задолженост, во реалноста се случува спротивното. Имено, со ребалансот на Буџетот 2016 година, буџетскиот дефицит се зголеми на 3,7% од БДП, а од друга страна пак се намали прогнозата за економски раст од 4% на 2,3%.

“Мислам дека брзината на задолжување е спорна, односно трендот на пораст на бруто-домашниот производ не кореспондира со брзината на долгот и тоа е проблем кој што ќе се одрази во иднина бидејќи ќе се случат ликвидносни проблеми. Ако долгот се генерира на овој начин и не дава резултати кои ќе предизикаат зголемување на растот, долгот ќе биде залудно земен“ - оцени во една од анализите на “Фактор“, универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров.  

Од 2002 година, од кога постојат и официјални податоци за Јавниот долг, најниско ниво е измерено во 2008 година, Јавен долг од 23% од БДП а највисоко на крајот од 2015 година со 46,5% од БДП.

Како растеше надворешната задолженост ...

Од 2007 ма година, заклучно со првиот квартал од 2016 година Бруто надворешниот долг е зголемен за 24,3 процентни поени. Имено во 2007 година надворешната задолженост изнесувала 46,6% од БДП а сега таа достигна 70,9%.

Ако се анализира стапката на раст на Бруто надворешната задолженост, од 2004 година, од кога има располжливи податоци за овој вид на задолжувања што ги обајвува Народната банка, најниско ниво е измерено во 2004 година од 45,4% од БДП. Од тогаш надворешната задолженост е во пораст, со што нивото на Бруто надворешен долг од 70,9% измерено на карјот од март годинава е највисоко во последните 10 години.

Во апсолутни бројки, во 2004 година економијата, со сите сектори, приватен, јавен и Народната банка должела 2 милијарди евра. Сега, тој долг изнесува 6,7 милијарди евра или раст за повеќе од три пати.

Во пресрет на новото задолжување со Еврообврзницата, гувернерот Димитар Богов рече дека одлуката е владина и дека тој нема надлежност. Смета дека ова ново задолжување сепак ќе влијае врз сегашната должничка позиција на државата.

“Одлуката за издавање еврообврзница е на Владата. НБРМ е независна институција и нема надлежност врз задолжувањето на Владата, ниту располага со детални фискални информации. Секое задолжување кое делумно е наменето за финансирање на буџетскиот дефицит го зголемува јавниот долг. Гувернерот уште од 2012 година во континуитет укажува дека е неопходна фискална консолидација која би го свела буџетскиот дефицит на ниво кое ќе го стабилизира јавниот долг, односно нема да го зголемува јавниот долг како процент од БДП“, соопштија од Народната Банка.

Владата предводена од Вмро-Дпмне, вклучувајќи ја и сегашната Еврообврзница, до сега четири пати се задолжи преку овој инструмент, додека во периодот на владеење на СДСМ беше издадена една Еврообврзница.

Т.С.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар