17 Декември, 2025
0.0752

УЕФА нема да брза со одлука за натпреварот Србија-Албанија

Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2014 12:11

Добивај вести на Viber

Европската фудбалска унија УЕФА нема да брза со пресудата кој е одговорен за вчерашниот инцидент на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија во Белград. Според првичните информации, УЕФА ќе го реши инцидентот во квалификациите за Европското првенство, но притоа се ќе се одвива по вообичаена процедура. Претставниците на УЕФА синоќа разговарале со претставниците на двата инволвирани фудбалски сојузи, а денеска собираат докази и извештаи за инцидентот на стадионот на Партизан. Уште не може да се прецизира кога може да се очекува официјалната одлука. Дури откако ќе се проценат сите аспекти на настаните, УЕФА ќе донесе одлука дали ќе покрене дисциплинска постапка против Србија или против Албанија. Делегатот на мечот Хери Бин од Холандија по натпреварот  соопштил дека тој и специјалниот набљудувач за безбедност ќе испратат свои извештаи до УЕФА, но одлуката останува на дисциплинската комисија. Натпреварот Србија-Албанија беше прекинат синоќа во 41-та минута заради провокација со беспилотно летало на кое беше закачена мапа на Голема Албанија, но и по тепачката која настана меѓу фудбалерите и одредени навивачи кои влегоа на теренот.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни