17 Декември, 2025
0.0427

УЕФА одлучи: Натпреварот регистриран со 3:0 за Србија, но со тешки казни!

Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2014 11:17

Добивај вести на Viber

Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија од квалификациите за Европското првенство да го регистрира со службен резултат 3:0 во корист на домаќинот, но веднаш потоа на Србите им ги одзеде тие три бода! Одредена е и казна за Фудбалскиот сојуз на Србија, па следните два натпревари дома српската репрезентрација ќе ги игра пред празни трибини. Исто така, Фудбалскиот сојуз на Србија ќе мора да плати 100.000 евра казна, но исто толку ќе плати и Фудбалскиот сојуз на Албанија. Србија без публика ќе ги пречека Данска и Ерменија, а поддршка на навивачите на домашен терен ќе има само против Португалија следната година. Ваков е исходот на инцидентот кој го прекина фудбалскиот натпревар, но и ги запали националистичките страсти во двете земји. Во исминатите неколку дена и Србите и Албанците бараа одговорност и извинување од другата страна за неспортско однесување и провокации. Писменото образложение на одлуката во следните пет дена ќе им биде доставено на двете страни, а тие потоа имаат рок од три дена да вложат жалба до Комисијата за жалби на УЕФА.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни