УЈП: До 15 февруари да се достават годишни извештаи за исплата на приходи во 2012
Објавено во: Економија 22 Јануари, 2013 13:50
Фирмите кои во изминатата 2012 година извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани имаат обврска, најдоцна до 15 февруари годинава, да поднесат Годишен извештај за исплатените приходи до даночните канцеларии на УЈП или по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk .
Како што соопшти Управата за јавни приходи, во Годишниот извештај (образец „ПДД-ГИ“), фирмите ги пријавуваат бруто-приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход и придонесите, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од игри на среќа и други наградни игри и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка. Образецот може да се преземе преку веб страницата на УЈП http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/
Фирмите кои вршеле исплати по горенаведените основи, на граѓанинот задолжително треба да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2012 година.
- Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на фирмата како исплатувач на приходот, врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персонален данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава, стои во соопштението на УЈП.
Доколку до 15 февруари, фирмите не поднесат Годишен извештај („ПДД-ГИ“), како и на граѓанинот не му издадат збирна пресметка за 2012 година, законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на фирмата, ќе му биде изречена глоба во износ од 750 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението од УЈП.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





