УЈП и МВР „прочешлаа“ 13 а затворија четири објекти во Скопје!
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2015
Вчера од страна на СВР Скопје и припадници на повеќе организациски единици заедно со инспекциски органи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат извршиле контрола и посетиле неколку клубови и ресторани во главниот град.
Притоа четири од посетените 13 објекти се здобиле со клуч на врата и парични глоби.
Поради немање лиценца за работа и неевидентирање на дневниот промет на фискалниот апарат на правното лице клубот Приорити заработи клуч на врата во следните 45 дена и казна од 5.750 евра. За разлика од Приорити Студио 54 ќе биде затворено 15 дена затоа што за време на контролата се пушело во објектот и не се евидентирале сметките на фискалната каса а глобата за него изнесува 4.500 евра.
Забрана за работа од 15 дена доби и скопскиот ресторан Три Фазана и тоа поради неевидентиран промет изречена е му казна од 3.250 евра. И Пингвин паб нема да работи во наредните 15 дена и ќе треба да плати 3.250 евра казна.
Имуни и неодминати од инспекцијата не останаа ниту пак дискотеката XO на плоштадот во Скопје, кафулето Ало, ало во ГТЦ, кафулето Џубокс во Дебар Маало, ресторанот Чикаго, кафеаната Македонска софра и клубот Станица 26, кабаре Океаник, но кај нив не биле забележани никакви неправилности.