18 Декември, 2025
0.4460

УЈП ја блокираше сметката на 1ТВ?

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2019 17:21

Добивај вести на Viber

Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ, дознава „Фактор“. Веста засега не е потврдена, но според информациите до кои дојде „Фактор“, сметката даночниците ја блокирале уште вчера. Нашата редакција утрово побара одговор од УЈП,  дали и зошто е блокирана сметката на телевизијата на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13. 1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка.

Инаку, на отворањето на телевизијата присуствуваше речиси цела Влада. “Нова платформа, нов медиум -беше официјалната најава за телевизијата, а од новинарските имиња кои се во телевизијата се познатите - Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Гордана Дувњак, Александар Чомовски, Борјан Јовановски, Јадранка Костова и други..


„Македонски инсајдер“

Телевизијата од самото отворање ја следеа неколку афери. Највпечталива беше онаа со долгонајавуваниот истражувачки проект насловен како „Македонски инсајдер“. Околу оваа емисија на 1ТВ во јавниста се крена многу прашина.  Првично поради сензационалистичките најави на епизодите, заканите и обвинувањето за „рекет“, а потоа и поради нејаснотиите дали станува збор за лиценцирана емисија. Тогаш, бизнисменот Зоран Азманов на прес-конференција го обвини Бојан Јовановски дека се обидел да му изнуди 50.000 евра или стан токму во врска со емисијата.Телевизијата тогаш ги демантираше обвинувањата и најави тужба.

Меѓународен сојуз за цивилно општество

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 во јуни 2017 година, пред отворањето на телевизијата го стартуваше проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тогаш потенцираше дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно. 


Првиот проект на Меѓународниот сојуз беше насловен како „Стоп за деца на улица”, со изградба на центар за заштита. Инаку, на конститутивната седница на меѓународниот сојуз тогаш присуствуваа пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, заедно со пратеникот Стефан Богоев,амбасадорот Чарлс Гарет, водителките Лила Филиповска и Јована Стојменовиќ, заедно со видни јавни личности. Меѓу членовите на Собранието тогаш беа забележани и имињата  Јованка Кухар, Сашко Коцев, Жарко Димитриевски, Коста Костадиновски, Иџет Мемети.За почесен претседател на овој сојуз беше избрана поранешната министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, која практично е присутна скоро на секоја прослава на Јовановски, судејќи по фотографиите кои Боки 13 ги објавува по социјалните мрежи. 

Р.Ф


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?