17 Декември, 2024
0.0479

УЈП не блокирала ниту една сметка на газдите за неисплатена плата

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

УЈП не блокирала ниту една сметка на газдите за неисплатена плата

Управата за јавни приходи во текот на 2020 на газдите не им блокирала ниту една сметка за неисплатени плати кон работниците. Ова го покажува билансот за неподмирените дваачки од бруто-исплатите за здравствено, пензиско и социјално осигурување, како и персоналниот данок.

Долгот кон УЈП по овој основ бил зголемен во апсолутен износ за 845.249.117 денари или за 11,11 отсто повеќе во однос на една година претходно. Во 2020 година УЈП сепак редуцирано спроведуваше мерки за присилна наплата на неплатените даночни долгови. 

Ова се должи најмногу на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба со која не се издаваше опомена за плаќање на данок и според тоа не можеше да се отпочне постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година.

Уставниот суд лани на 24 јуни ја поништи Уредбата, но сепак остана влијанието од  новото деловно опкружување и сите промени во однесувањето на даночните обврзници предизвикани од целокупната здравствена криза и новонастанатите услови во економијата, како и намалените можности УЈП да излезе на терен и вонредната промена на прописите.

„За секој месец Управата за јавни приходи ги изготвува и доставува блокадите во динамика утврдена со Календарот на активности, така што од доставата на опомените до доставата на блокадите поминува времето што ги вклучува законскиот рок во кој електронската достава се смета за уредна, законскиот рок за плаќање по опомена и времетраењето на интерните активности за проверка на уплатите, изготвување на решенијата и сл., но секако пред доспевање на обврската за плаќање за следниот месец.

Ова е редовна динамика на постапување на Управата за јавни приходи во изминатите години, како и во тековната 2021 година, со која има целосна ажурност во постапувањето и спроведувањето на законските овластувања на Управата за јавни приходи.

Во текот на 2020 година согласно со Уредбата со законска сила за примена на ЗДП за време на вонредна состојба Управата за јавни приходи не издаваше опомени за плаќање на данок/долг по основ на МПИН и не отпочнуваше постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година.

По престанувањето на вонредната состојба, Управата за јавни приходи ги продолжи своите активности при што ги опфати сите даночни долгови од претходни месеци кои беа доспени и ненаплатени“, се вели во одговорот кој го добивме од  управата.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Ванделт: Македонскиот извоз е намален поради кризата на германската економија

Ванделт: Македонскиот извоз е намален поради кризата на германската економија

ТАВ Аеродроми: Визер почнува со продажба на авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт од скопскиот аеродром

ТАВ Аеродроми: Визер почнува со продажба на авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт од скопскиот аеродром

Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици

Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици

ХРВАТСКИОТ ПАЗАР НА НЕДВИЖНИНИ МЕЃУ НАЈСКАПИТЕ: во одредени делови цените надминуваат 5.000 евра за квадарат

ХРВАТСКИОТ ПАЗАР НА НЕДВИЖНИНИ МЕЃУ НАЈСКАПИТЕ: во одредени делови цените надминуваат 5.000 евра за квадарат

Бројот на странски туристи расте и во октомври! КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА СКОПСКИТЕ ХОТЕЛИЕРИ?

Бројот на странски туристи расте и во октомври! КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА СКОПСКИТЕ ХОТЕЛИЕРИ?

КАКВА ПОПУЛАРНОСТ НА ТЕМУ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА: Германија е на врвот, во Македонија над 27 отсто ја користат платформата

КАКВА ПОПУЛАРНОСТ НА ТЕМУ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА: Германија е на врвот, во Македонија над 27 отсто ја користат платформата

4iG достави писмо за намери до АЕК за да стане нов мобилен оператор во Македонија

4iG достави писмо за намери до АЕК за да стане нов мобилен оператор во Македонија

Јован Деспотовски отвора фабрика за водород во земјава, ќе добие 5 отсто од сопствеништвото

Јован Деспотовски отвора фабрика за водород во земјава, ќе добие 5 отсто од сопствеништвото

ПРЕВЕДУВАЧИТЕ СЕ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Кои документи граѓаните ги преведуваат за заминување во странство?

ПРЕВЕДУВАЧИТЕ СЕ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Кои документи граѓаните ги преведуваат за заминување во странство?