УЈП со решенија за осум блокирани сметки на компании кои не платиле солидарен данок
![](/media/main/2023/11/20231109142016.jpg)
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2023
Управата за јавни приходи изготви решенија за блокирање на сметките на осум компании кои не го платиле солидарниот данок, по изминувањето на последниот законски рок на 24 ноември.
Девет компании не ја подмириле обврската за плаќање на овој еднократен кризен данок, од кои еден должник долгот ќе го намири со пребивање. Вкупната неплатена сума за која треба да се изврши присилна наплата е 453.621.919 денари, или околу 7,4 милиони евра.
„Од страна на Управата за јавни приходи доставени се опомени а по истекот на рокот по истите, следeше и фазата на доставување решенија за присилна наплата кај носителите на платен промет од парични средства (блокади). Управата за јавни приходи за осум должници достави решенија за присилна наплата од парични средства (блокади) а еден должник долгот ќе се намири со пребивање“, гласи одговорот кој го добивме од УЈП.
Од друга страна, 147 компании ја имаат подмирено обврската во износ од 2.575.801.306 денари, или наплатени се околу 42 милиони евра.
Наплатата на овој данок започна од 25 септември со објавувањето на Законот за данок на солидарност во Службен весник, а регуларниот рок за плаќање беше до 25 октомври. Се верува дека компаниите кои доцнеа со негово исплаќање имаат очекување од Уставниот суд да го прогласи овој закон за противуставен.
Овој данок го плаќаат фирми што лани оствариле приход од над 10 милиони евра. Овие компании на разликата во добивката во однос на претходните три години, плаќаа данок по стапка од 30 отсто. За оние, пак, кои нема точно да ги пријават заработките или нема да го платат данокот, предвидени се и казни.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726200153.jpg)
ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726195608.jpg)
ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726181230.jpg)
КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726165723.jpg)
КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726161246.jpg)
ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726161742.jpg)
НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726154654.jpg)
ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726152946.jpg)
МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726152433.jpg)