Украдени пари и злато од куќа на битолчанец
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2016
Во Битола на улица „Владимир Назор“ ноќеска во 3.40 часот во куќата на М.И. две непознати лица, вооружени со пиштол, извршиле разбојништво.
Откако влегле во куќата, едниот од сторителите со рачката од пиштолот го удрил М.И. во пределот на главата и му нанел повреди. Потоа разбојниците од куќата одзеле околу 25.000 денари, 2.000 евра и златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.