29 Септември, 2024
0.0265

Украина – една година по војната

Објавено во: Анализа, Свет 26 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Неодамна демонстранти подигнаа една гигантска бесилка во Киевскиот владин кварт. Тие протестираат против зголемувањето на трошоците за гас и греење. Владата го зголеми надоместокот за греење со цели 66%. За гас сепак се бараат цели 280% повеќе пари. Пораката на демонстрантите е јасна - тоа е веќе премногу, пишува во својата анализа германскиот Der Spiegel. Непосредно пред една година Петро Порошенко беше избран за претседател. Тој беше познат по тоа дека се разбира од економијата. Како производител на кондиторски производи тој натрупа богатство. Но засега и тој не може да го запре паѓањето на економијата. Економскиот производ се распадна со 17,6% во првиот квартал. Во последниот квартал на 2014 година веќе имаше пад од 14,8%. За 2015 година се очекува економијата да се намали за 8,5%. Последниот раст земјата го реализира во далечната веќе 2011 година. Всушност, земјата мора да се соочи не со една економска криза, туку со цели три одеднаш. Станува збор за директните последици од војната што го доведоа производството во Источна Украина до застој. Во прилог на ова доаѓа и прекинувањето на односите со досега најважниот трговски партнер - Русија. И тоа не е сè - треба да се додаде и тешката од години структурна криза на украинската економија. Да се совлада секој од овие проблеми ќе биде вистински предизвик. Кризните жаришта сепак се зајакнуваат меѓусебно - со драматични последици за населението и владата. Тоа ќе мора да се соочи и со наследството, оставено од неговите претходници. Пример покер со долг: Киев се заканува да стави мораториум за надворешниот долг. Парламентот веќе го одобри соодветниот закон. Пораката е јасна - или вие доброволно ќе се откажете од дел од своите побарувања, или ние едноставно нема да платиме ништо. Тоа е прилично нахалено и според претседателот на Русија Владимир Путин дрзок пристап, или можеби е акт на самоодбрана? Голем дел од долгот е собран од паднатиот од власт клептократ Виктор Јанукович. Русите доделија 3 милијарди долари, а тие се дадени со камата, половина пониска од вообичаената стапка. Околу 7 милијарди долари се обезбедени од Franklin Templeton. Американскиот инвеститор се обложуваше на тоа дека Јанукович ќе се осмели да започне реформи во земјата, но згреши во претпоставката. Претходните влади намерно ги приведоа трошоците за греење и за гас на вештачки ниски нивоа, бидејќи сакаа да добијат сигнал од избирачите. Украинците плаќаа далеку помалку отколку што и плаќаше Киев на Москва за увоз на природен гас. Разликата, се разбира, се покриваше од државната каса: во 2012 година стануваше збор за 10 милијарди долари, или инаку речено - неверојатни шест проценти од економскиот производ. Во следната година со помош на нови зголемувања на цената Владата сака да се постигне целосна рамнотежа и да не ја субвенционира корисничката цена. Но токму во областа на гасот е многу индикативно како бројните проблеми на Киев се множат и се засилуваат еден со друг, претворајќи се во совршена бура. Бидејќи Украина плаќа за својот увоз на гас во долари војната и кризата сепак доведоа до тоа дека локалната валута - гривната загуби две третини од својата вредност за година и пол. Затоа во меѓувреме Киев треба да плаќа речиси три пати повеќе гривни за истото количество гас. А тоа влијае сериозно на населението, што и без тоа страда од девалвација на парите. Според различни предвидувања инфлацијата ќе дојде 42% до крајот на годината. Обично кога некоја земја ја девалвира својата валута драматично, како што е Украина, тоа исто така има и позитивни ефекти. На пример извозот отскокнува, бидејќи стоките стануваат поевтини и поволни за странските земји. За инвеститорите земјата ќе стане попривлечна, бидејќи киријата и платите паѓаат во релативна смисла. Во Украина нема и помен од тоа. Директните странски инвестиции во 2014 година изнесуваат 300 милиони долари. За споредба - во првите два месеци од 2015 година Бугарија привлекла 128,2 милиони евра. "Тоа е индиректна последица од воениот конфликт", вели Роберт Киршнер од Deutsche Beratergruppe, невладина организација со седиште во Украина. "Нестабилната положба на земјата подплаши многу странски компании". И извозот нема пораст. Напротив - тој паѓа. Причината за тоа се уништените односи со Русија - стокообменот со некогаш најважниот трговски партнер се распадна со 35%. Извозот кон ЕУ пак останува на претходното ниво. Кон ова треба да се додаде дека индустриското производство исто настрада силно. Во областа на Донецк производството се распадна со 50%, во Lugansk - со 87%. Општо земено конфликтот ја врати Украина неколку години назад во развојот. Економското производство по глава на жител пресметано во долари се распадна на половина. Сега изнесува околу 2.000 долари годишно, додека во соседна Белорусија е околу 8000 долари. К.К.