28 Септември, 2024
0.0357

Украина ќе банкротира ако го загуби истокот!

Објавено во: Анализа 07 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Украина ќе западне во банкрот во однос на странскиот долг, ако загуби голем дел од својата територија. Тоа го предупреди во главниот град на Казахстан Астана шефот на меѓународната рејтинг агенција Standard & Poors Џон Чемберс, пренесоа агенциите . Тој нагласи дека сегашното ниво на рејтингот на Украина CCC веќе покажува фрапантена и непосредна опасност од банкрот. "Украина влезе во кризата со умерен должнички товар при постојниот девизен курс. Но очигледно е дека ако девизниот курс падне и таа загуби дополнителен дел од својата територија, нејзината способност да го сервисира својот долг ќе биде поставена под закана", истакна Чемберс. Русија веќе ја анектира Кримската област, а тензиите се зголемуваат и во други делови на земјата. Најмалку 42 лица загинаа во уличните битки меѓу поддржувачите и противниците на Русија во пристанишниот град Одеса во петокот, откако проруски демонстранти беа заробени во гори зградата, потсетува агенцијата. Во февруари S & P веќе го намали долгорочниот рејтинг во странска валута на Украина на CCC со негативен изглед, истакнувајќи дека политичката ситуација е влошена значително и агенцијата гледа јасен ризик од неисполнување на обврските. Малку порано и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ ) соопшти дека ќе ја преиспита помошта за Украина, доколку Киев го загуби источниот дел на земјата, зафатен од проруски бунт. Претходно ММФ вети помош од 17 милијарди долари за Украина. Износот од 17 милијарди долари Фондот и го додели на земјата во замена за драконски економски мерки. Овие пари Киев ќе ги добие за две години и тие се вклопуваат во глобалниот план за поддршка во вредност од 27 милијарди долари, во кој учествуваат и Европа и Светската банка . "Ако централната влада изгуби вистинска контрола над Истокот, тогаш програмата ќе биде разгледана ", предупредува фондот. "Конфликтот во регионот може да ги ослабне буџетските приходи и да нанесе голема штета на изгледите за инвестиции", наведува Фондот. Според ММФ источните украински области - Донецк, Луганск и Харков, сочинуваат 21 проценти од БДП на земјата и околу 30 проценти од производството. К.К.