Украина ќе добие и борбени авиони?

Објавено во: Свет 27 Јануари, 2023
Украина ќе добие тенкови, но можно е да добие и борбени авиони. САД и Франција размислуваат за помош со борбени авиони.
Џон Фајнер, заменик-советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека ниту еден вооружен систем не е исклучен.
„Ќе разговараме за тоа многу внимателно”, рече Фајнер, пренесува Дојче веле.
Ако НАТО испорача борбени авиони во Украина, Полска го поддржува потегот. Но, германскиот канцелар Олаф Шолц ја отфрли можноста за испорака на борбени авиони.
Инаку, украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека руската агресија можат да ја запрат само со соодветно оружје.
Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона изјави дека Франција ќе испрати тенкови и на украинските партнери.
Полска ќе испорача на Киев дополнителни 60 тенкови за одбрана од руска агресија. Помош вети и Канада.
Канадската министерка за одбрана Анита Ананд во четвртокот рече дека ќе испорача дополнителни четири тенкови Леопард 2.
Жестока битка се води во источна Украина, во градот Угледар. фото принтскрин твитер
Можеби ќе ве интересира
ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Објавено видео како полицијата ја изрешета жената која ги уби учениците во САД
ЦРН КРУГ ЛЕБДИ НАД МОСКВА: Граѓаните споделуваат видео, но не знаат што е тоа
Синдикатите бараат Макрон „да одмори“: Властите испраќаат илјадници полицајци „да ја бранат земјата“

ЗАБРАНА ЗА ПРОДАЖБА НА ВОЗИЛА ШТО ЕМИТУВААТ CO2! Донесен е важен закон!

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГИ ПОГОДИ ОСТРОВИТЕ НА ЈАПОНИЈА! Според Рихтеровата скала измерени 6,2 степени

ПЛАНИРАЛА И ДРУГИ НАПАДИ: Полицијата пронајде манифест!
ВИДЕО: ДЕТАЛИ ОД МАСАКРОТ ВО САД, УБИЕНИ ДЕЦА ВО УЧИЛИШТЕ! Полицијата објави видео снимки од напаѓачот

НЕТАНЈАХУ ПОПУШТИ ПОД СИЛНИОТ ПРИТИСОК: Ги одложува судските реформи кои ескалираа со протести

ТРИ СИМПТОМИ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД СРЦЕВ УДАР: Обрнете внимание на клучните работи кои водат до директна смрт
