Украина не го потпишува кончениот договор за минерали
Објавено во: Економија 26 Април, 2025 09:26
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, реагираше откако украинските претставници не го потпишаа конечниот договор што им дава на американските компании привилегиран пристап до украинските ретки минерали.
„Украина, предводена од (претседателот) Володимир Зеленски, не ги потпиша конечните документи од многу важниот договор за ретки земјени минерали со Соединетите Американски Држави. Доцни најмалку три недели. Се надеваме дека ќе биде потпишан ВЕДНАШ“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи „TruthSocial“.
Тој, исто така, го коментираше напредокот во мировните преговори.
„Работата, генерално, на мировниот договор меѓу Украина и Русија оди добро. Се чини дека успехот е во иднина“, додаде американскиот претседател.
Договорот за украинските ретки минерали го понуди украинскиот претседател Володимир Зеленски во замена за воена и финансиска помош од САД. Договорот, според украинскиот претседател, не вклучува предавање на минерали, туку нивно заедничко развивање.
Понудата дојде откако Трамп изјави дека САД ѝ дале на Украина над 300 милијарди долари воена помош и дека американскиот народ заслужува нешто за возврат. Сепак, подоцна беше потврдено дека САД ѝ помогнале на Украина со над 100 милијарди долари, и тоа не толку колку што кажа Трамп.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




