19 Декември, 2025
0.1863

Украина во целосна борбена готовност за војна со Русија

Објавено во: Свет 30 Април, 2014 19:18

Добивај вести на Viber

Украина е во целосна борбена готовност заради можна инвазија на руски трупи на источната граница, изјави привремениот украински претседател Олександар Турчинов. Според него, „заканата за Русија да започне војна против континентална Украина е реална“. Турчинов го изјави ова на министерски состанок, на кој ги информирал и регионалните гувернери на Украина дека полицијата и безбедносните сили се „немоќни“ да ги контролираат немирите во два источни региони на границата со Русија - Доњецк и Луханск. „Ќе бидам искрен: денес безбедносните сили не се во можност брзо да ја стават под контрола ситуацијата во овие два града“, признал Турчинов, нагласувајќи дека сега напорите на полицијата се насочени кон спречување немирите да се прошират и во други региони. Тој навел и дека во овие два града дел од безбедносните служби дури и започнале да соработуваат со проруските сепаратисти, а другите не се во состојба да ги заштитат граѓаните. Американскиот државен секретар Џон Кери денеска објави дека САД имаат докази кои ја поставуваат Русија зад немирите во источна Украина - американските разузнавачи успеале да ги пресретнат пораките кои Москва ги испраќала до сепаратистите во Украина. „Знаеме кој точно ги издава наредбите, знаеме од каде тие доаѓаат. Разузнавачките служби работат на снимките од тие разговори“, изјави Кери.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците