УКРАИНЦИТЕ СЕ СПРЕМНИ ДО 2029 ГОДИНА ДА ВОЈУВААТ ПРОТИВ РУСИЈА: Имаат неколку барања
Објавено во: Свет 29 Април, 2025 19:22
Украинците се спремни да се борат со години против Русија. Украина испрати серија услови до новиот германски канцелар за да се бори против Русија до 2029 година.
Постојаниот претставник на Украина во ОН, Андриј Мелник, порача дека Украина е подготвена да се бори до 2029 година, под услов Германија да преземе најголем дел од трошоците за обезбедување воена опрема и муниција. Мелник објави список со барања за идниот канцелар на Германија Фридрих Мерц и другите лидери на западните земји:
Трансфер на 30 oтсто од воената опрема во арсеналот на Бундесверот за потребите на украинските вооружени сили. Законски да се обезбеди распределба на 0,5 отсто од БДП на Германија за потребите на вооружените сили на Украина, односно 86 милијарди евра до 2029 година. Да се донесе истата одлука на ниво на ЕУ и Г7 (550 милијарди евра помош во текот на четири години).
Русија деновиве призна дека добила помош од Северна Кореја, односно дека нивни војници помагале во Курск, регион кој Украинците го окупираа лани на 6 август.
САД сака крај на војната и се заканија дека ќе се повлечат од преговорите ако брзо нема решение. Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека украинскиот колега, Володимир Зеленски барал и повеќе оружје.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




