19 Декември, 2025
0.0584

Украинска офанзива во Славјанск, Москва веќе не верува во мирно решение

Објавено во: Свет 02 Мај, 2014 11:48

Добивај вести на Viber

Украинските безбедносни сили од утрово започнаа офанзива во источниот град Славјанск, во обид да го вратат под контрола од проруските бунтовници. Во специјалната операција во која била вклучена и украинската војска, со војници и 20 хеликоптери, целосно биле блокирани пристапите до градот. Во судирите загинал еден од бунтовниците, но и еден од пилотите на хеликоптер кој бил соборен, потврди украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков. Проруските сепаратисти објавија дека успеале да урнат два украински хеликоптери, а бројот на жртвите е и поголем. http://www.youtube.com/watch?v=98RjjaYpw2E Иако операцијата официјално заврши, сепак ситуацијата во Славјанск и натаму е напната, а стигнаа и првите реакции од официјална Москва. Според портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, украинската офанзива задала конечен удар на напорите за мирно решение на кризата и руските власти се помалку веруваат оти такво решение е можно.  

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците