29 Септември, 2024
0.0598

Украинската економија тоне – воените дејствија ја носат се подлабоко

Објавено во: Анализа 22 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии на Украина Олександар Шлапак објави дека "антитерористичката кампања" на Киев чини над 1,5 милијарди гривни (130 милиони долари) месечно. Според зборовите на Шлапак Киев има потреба од дополнителни средства за да ја покрие растечката сметка. "Мора да побараме дополнителни ресурси за оваа операција", изјави тој на средба со лидерите на парламентарно застапените партии. Шлапак исто така, истакна дека економијата на Украина се намали за 5 отсто во првите шест месеци од годината, при што очекувањата на Киев се за пад на бруто домашниот производ (БДП) од 6,5 отсто оваа година. Претходната прогноза на владата беше за намалување од 3 проценти. Киев во април го најави почетокот на поддржаната од армијата операција против проруските бунтовници, кои зазедоа државни згради во регионот Доњецк. Украинската армија презеде контрола над три града во Доњецката област - Ѕержинск, Рубежное и Соледар, соопшти портапролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Андреј Лисенко. - Украинските војници ги бараат и уништуваат останатите бунтовници во овие градови, истакна Лисенко. При операцијата биле уапсени голем број сепаратисти и конфискувано е оружје и муниција. Во реонот на Луганск, украинската армија воспоставила контрола врз стратешкото место Георгиевка, а во Доњецката област врз дел од местото Пески. К.К.