05 Декември, 2025
0.0375

Украинската криза ги плаши инвеститорите

Објавено во: Анализа 25 Април, 2014 09:18

Добивај вести на Viber

Индексите преку океанот ја завршија сесијата со благи покачувања. Apple го поддржи технолошкиот сектор, но пазарните учесници беа претпазливи поради стравувањата дека тензиите меѓу Русија и Западот ќе ескалираат. Последните вести се од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Финансиската институција објави дека Украина ги исполнила условите за добивање на финансиски спас. Ова ќе биде една од темите на разговор на одборот на ММФ, кој се собира на 30 април. Статистиката покажа дека налозите на трајни добра, се зголемија за 2,6% во март. Очекувањата беа за 2-процентен раст. Покрај тоа, минатата недела повеќе Американци аплицираа за грантови за невработеност. Капитализацијата на Apple порасна за 8,2% до 567,77 долари. Производителот на таблети и паметни телефони забележа 7% раст на профитот за првото тримесечје на позадината на зголемената конкуренција на пазарот на мобилни уреди. Компанијата најави дека ја проширува и програмата за откуп на акции и ја зголемува тримесечната дивиденда со околу 8 проценти. Акциите на Facebook пак поевтинија за 0,8% до 60,87 долари. Социјалната мрежа реализира нето профит за првиот квартал од годината од 642 милиони долари на приход од 2,5 милијарди долари. Приходите од рекламирање на компанијата се зголемија за 82% на годишна основа до 2,27 милијарди долари, иако приходите од мобилна реклама придонесуваат за околу 59% од нив. За 0,64 до 34,17 долари поевтинија акциите на  General Motors. Автомобилскиот концерн ги објави тримесечните резултати. Тие покажаа дека поради трошоците по повлекувањето на автомобилите профитот настрада и покрај 3 отсто раст на приходите. Компонентите на Dow Jones - Caterpillar , 3M и Verizon Communications исто така ги објавија своите квартални извештаи. Акциите на Caterpillar се зголемија во цена со 1,87 % до 105,31 долари. Од  другата страна се покажа Verizon чии акции поевтинија со 2,42 % до 46,28 долари. Starbucks и Visa се меѓу компаниите кои ќе ги објавуваат своите времени извештаи по завршувањето на трговската сесија . Нивните акции поскапеа , односно - со 0,99 % до 71,09 долари и со 0,28 % до 209,40 долари. Додека јунските договори врз суровата нафта ја зголемија својата вредност за 0,5% до 101,94 долари за барел. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени