15 Декември, 2025
0.0422

Украинските вооружени сили намерно убиле руски војници со директни истрели во главата?

Објавено во: Свет 18 Ноември, 2022 19:16

Добивај вести на Viber

Русија обвини дека Украина намерно убила десетина руски војници. Го обвинуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски за воени злосторства. 

Руската новинска агенција РИА Новости објави дека припадниците на украинските вооружени сили намерно убиле руски војници со директни истрели во главата. Тие велат дека ова не е „трагичен исклучок“, туку дека правата на воените затвореници се опасно прекршени од режимот во Киев, пренесува Јутарни.

„Бруталното убиство на руски војници не е ниту прво, ниту единствено воено злосторство. Ова е вообичаена практика во вооружените сили на Украина која е активно поддржана од режимот во Киев и целосно игнорирана од западните патрони. Но, на Зеленски и неговите поддржувачи ќе им се суди пред судот на историјата, народот на Русија и Украина. Ќе им судиме за сѐ, за секој измачуван и убиен затвореник!“, велат од руското Министерство за одбрана. 

Украинската страна уште не го коментирала случајот. 

Инаку, меѓународните организации објавија дека и двете страни ги мачеле противниците. Во Украина по заминувањето на Русите беа откриени повеќе масовни гробници и простории за мачење. За потсетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Откако Русите се повлекоа од Херсон, најдени беа тела на кои имало траги од мачење, а има и 700 исчезнати. 

Инаку, Никита Чибрин (27) е руски дезертер кој е спремен да сведочи пред меѓународен воен суд. 

фото Твитер

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете