Украл автомобил, а потоа со него се забил во надгробна плоча на градските гробишта во Куманово
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2023
Штипјанец украл aвтомобил во Куманово и со него се забил во надгробна плоча на градските гробишта.
Полицијата го приведе човекот кој обил продавница во градот, украл пари и клучеви од автомобил, по што со возилото удрил во надгробна плоча на кумановските гробишта.
„На 21.02.2023 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар” во градот и одзел пари и клучеви од патничко возило „Пежо“, сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово“, пишува во полицискиот билтен.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.