УКРАЛ НАД 10 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД МЕНУВАЧНИЦА - обвинителство покрена постапка и бара притвор, и претходно бил осудуван

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 09:20
Покрената е постапка против жител на главниот град поради кражба на над 10 илјади евра од менувачница во главниот град.
Како што соопштуваат од пред службите на Основното јавно обвинителство, јавен обвинител од ОЈО Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.
- Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па осомничениот влегол во менувачницата, од благајната ги одзел парите и веднаш го напуштил местото. Набрзо бил пронајден и уапсен - објаснуваат од прес службата.
Од ОЈО додаваат дека осомничениот е претходно осудуван, а за него се водат и други постапки за кривични дела. Со оглед на тоа, а имајќи ја предвид и опасноста тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици
