06 Декември, 2025
0.0275

Уметност на смелите одлуки – бесплатна работилница за млади претприемачи во Струмица во организација на ПроКредит банка и ЕБОР

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2025 12:52

Добивај вести на Viber

Во претприемништвото успехот ретко доаѓа по лесен пат. Секој бизнис сопственик се соочува со моменти кога мора да донесе одлука – дали да ризикува со нова идеја, да ја редефинира својата бренд стратегија или да најде најефикасен начин да реши некаков предизвик.

Токму затоа, „Уметност на смелите одлуки“ е темата на шестата бесплатна работилница од серијалот „ProBiz Superpowers“ во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР.

На 24 септември, младите претприемачи од Струмица и соседните градови ќе имаат можност да учествуваат на интерактивна работилница со Петар Лазаров, еден од најпознатите бизнис и бренд консултанти во Македонија. Настанот ќе биде динамичен, практичен и отворен за прашања, вежби и дискусии.

Програмата е поделена во три сегменти кои покриваат:

·  Претприемнички одлуки – како се носат храбри, но паметни одлуки во вистинскиот момент.

·  Стратегии за градење на брендот - стратешки пристап за брендовите кои сакаат да станат препознатливи и да освојуваат нови пазари.

·  Брзи консултации – уникатна можност учесниците да добијат конкретни насоки за сопствениот бизнис.

По работилницата, следува сесија за вмрежување каде учесниците ќе можат да разменат искуства и да градат контакти.

Петар Лазаров, кој ќе ја води оваа работилница, е консултант за бизнис, маркетинг, брендирање и продажба и стои позади брендовите MAMA’S -  традиционални рецепти што денес се продаваат во 40+ земји, NO BULL и B-GOOD FOOD Co. – македонски производи специјално за американскиот пазар, првпат претставени и во шоуто „Shark Tank“. Петар е и ко-основач на Sherlo P. Nomes – Бизнис и бренд агенција и ко-автор на TIP OF THE WEEK™, познатиот прирачник за личен и професионален развој.

Работилницата ќе се одржи во хотел Етерно во Струмица, на 24 септември, од 12:00 до 16:30 часот. Наменета е за млади претприемачи до 35 години кои можат бесплатно да учествуваат, но бројот на места е ограничен. Сите заинтересирани можат веднаш да се пријават преку следниот линк.

„ProBiz Superpowers“ е дел од програмата „Млади во бизнис” на ЕБОР, која во Македонија се реализира исклучиво преку ПроКредит Банка. Програмата има за цел да ги поддржи претприемачите до 35 години со финансии, експертиза и знаење потребно за развој и раст на нивните бизниси.

Програмата „Млади во бизнис” е поддржана од Европската Унија, Шведска - преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, Италија - преку Централноевропската иницијатива и Луксембург - преку Фондот за малите бизниси на ЕБОР.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј