Унгарија гради ограда по границата со Србија поради илегалните мигранти
Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2015 13:09
Унгарија ќе изгради ограда со височина 4 метри по должината на границата со Србија, за да го запре приливот на илегални имигранти, соопшти министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сирто.
„Имиграцијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Европската унија (ЕУ)“, коментирал Сирто на прес-конференција.
„Земјите од ЕУ бараат решение, но Унгарија не може повеќе да чека“, додал тој.
Оградата ќе биде долга 175 километри. Министерот за внатрешни работи на земјата веќе има добиено инструкции за нејзината изградба.
ЕУ предвиде остар раст на граѓаните на Косово, кои се обидуваат да влезат на територијата на Унијата во Србија и Унгарија. Поради влошената економска ситуација во земјата многу од нејзините граѓани ја бараат среќата на запад. Нивното влегување во Србија е релативно лесно, по што тие се обидуваат илегално да ја преминат границата со Унгарија, која е дел од Шенгенскиот договор. Оттаму имигрантите се обидуваат или да продолжат кон Австрија и Германија, или да аплицираат за азил.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан не се согласува со плановите на ЕУ за квотите за мигранти и ги опиша како „луди“.
Владата на Орбан започна и јавна консултација, за да се разбере она што е мислењето на Унгарците за мигрантите. Во Будимпешта пак тргна контроверзна кампања со постери кои ги повикуваат на унгарски јазик мигрантите да ги слушаат локалните закони и да не ги „крадат“ работните места на Унгарците.
Изградба на огради во Европа не е новина. Грција и Бугарија пример кренаа слични објекти долж границата со Турција. Еврокомисијата во принцип е против, но признава дека земјите имаат суверено право да градат преградни објекти.
Денес Министерскиот совет на Бугарија одобри уште 30 милиони лева за оградата долж границата со Турција, која беше изградена во времето на владата на Пламен Орешарски минатата година. ѓ
Плановите на земјата е да ја продолжат оградата долж целата граница со Турција.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




